Целиот свет зборува за 15-то дете на Илон Маск: Наводната мајка проговори – „Време е вистината да излезе“

од Марта Пешевска
55 прегледи

Јапонската музичка ѕвезда Ајуми Хамасаки остро ги демантираше неодамнешните гласини дека има дете со милијардерот Илон Маск. Пејачката се огласи по појавата на шпекулации дека токму таа е мистериозната „јапонска ѕвезда“ за која се зборува во контекст на 14-тото дете на Маск.

Повод за овие тврдења беа зборовите на Ешли Сент Клер, една од мајките на децата на Маск, која изјави дека тој наводно донирал сперма на славна жена од Јапонија. Фановите веднаш почнаа да се прашуваат дали се работи за Хамасаки.

Сепак, таа директно се обрати до јавноста преку Инстаграм:

„Ги следам овие приказни и чувствувам обврска да проговорам. Илон Маск не е татко на ниту едно од моите деца.“

Ајуми Хамасаки, која има два сина, чии татковци никогаш не ги открила во јавноста, навести дека целата ситуација е апсурдна, но и штетна.

„Дури и мајка ми се насмеа кога ја слушна оваа гласина и рече: ‘Тоа баш звучи како нешто што ти би го направила’, но не е вистина.“

Сепак, зад нејзината шега стои сериозна грижа – нејзините деца.

„Кога ќе пораснат и ќе побараат информации за мене на интернет, не сакам да налетаат на вакви лаги и да мислат дека се вистинити. Затоа сега јавно и недвосмислено ги отфрлам.“

Во меѓувреме, медиумите како „Волстрит џурнал“ објавија дека Маск во 2023 година навистина разменувал пораки во кои спомнува дека би можел да донира сперма на јапонска славна личност, без романтична врска, чисто од „алтруистички причини“.

И покрај овие објави, Ајуми Хамасаки – инаку најпродаваната соло уметница во историјата на јапонската музика, со над 50 милиони продадени албуми – останува јасна: шпекулациите се неточни, а вистината за нејзиното семејство е само нејзина.

Слични содржини