Цената на обновата на Украина од руската инвазија во следната деценија ќе изнесува 411 милијарди долари

од Vladimir Zorba

Цената на обновата на Украина од руската инвазија во следната деценија ќе изнесува 411 милијарди долари, а само чистењето на воените урнатини ќе чини 5 милијарди, се вели во извештајот на Светска банка објавен денеска, цитиран од Асошиејтед прес.

За време на војната, речиси два милиони куќи се оштетени или урнати, повеќе од 20 отсто од јавните здравствени установи се оштетени, а 650 амбулантни возила се оштетени или ограбени.

Светска банка досега пресметала 135 милијарди долари директна штета на зградите и инфраструктурата, не сметајќи ги пошироките економски штети.

Заменик-претседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде, им рече на новинарите дека штетата ќе беше уште поголема да не беше силната одбрана што ја поставија украинските сили.

Таа рече дека најголема штета има во областите Доњецк, Харков, Луганск и Керсон.

Според Светската банка, руската инвазија го промени 15-годишниот економски напредок на Украина, намалувајќи го бруто домашниот производ за 29 отсто и туркајќи 1,7 милиони Украинци во сиромаштија.

Проценката беше спроведена од Владата на Украина, Групацијата на Светска банка, Европската комисија и Обединетите нации.

Слични содржини