Цената на природниот гас за март ќе биде за 11 проценти пониска, тврдат од Макпетрол

од Nikola Popovski

Согласно договорот помеѓу „Макпетрол” АД Скопје и „Гаспром експорт”, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол” АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец март ќе се намали за 11 проценти за мегават час, во однос на цената за месец февруари оваа година.

-Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 7,5 денари за килограм (5,31 денари за литар) во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 82,5 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 75 денари за килограм или 53,1 денари за литар, стои во соопштението од компанијата.

Слични содржини