Цените на гасот во Европа паднаа за седум отсто

од Radmila Tasevska

Цените на гасот во Европа од денес се пониски за седум отсто и изнесуваат 730-735 долари за илјада кубни метри, што значи дека паднаа под 750 долари за прв пат од февруари минатата година, објави лондонската берза ICE, пренесува РИА Новости.

На 19 декември земјите од Европската унија се договорија за максимална цена на гасот од 180 евра за мегават час (околу 2.000 долари за илјада кубни метри по сегашниот курс), а оваа мерка ќе стапи на сила на 15 февруари, со цел да се заштита на населението и стопанството од поскапување на гасот.

Високата цена на енергијата во Европа, според западните медиуми, предизвикала најголема инфлација во последните неколку децении.

Слични содржини