Чаеви кои ќе ве ослободат од сите отрови во телото

од Elena Daskalova

Билните чаеви се докажано одлични кога се работи за детокс на телото и ослободување од отровите кои се насобрале поради лошата храна и загадената околина.

Ако сте љубител на добра шолја чај, тогаш сигурно би сакале да знаете која билка помага во детоксикацијата на телото, која ги разградува мастите и благодарение на која ќе си помогнете во слабеењето.

Чај од коприва

Копривата е природен диуретик, а има и аналгетски својства. Се користи при уринарни инфекции, како облога за истегнатите мускули, како и врз убодите од инсекти. Освен како чај, можете да ја користите и како тоник за кожата. Најдобро е чајот од коприва да го пиете наутро. Не смеете да го пиете ако сте бремени.

Чај од глуварче

Се работи за полско цвеќе кое го чисти целиот организам. Комбинирајте ги и цветот и коренот. Богат е со антиоксиданси кои го прочистуваат црниот дроб, но и го обновуваат телото на клеточно ниво.

Корен од чичок (лепилка)

Побарајте го овој корен во билна аптека, бидејќи освен што ја прочистува крвта и е исклучителен диуретик, богат е и со фолна киселина, магнезиум и витамин Е. Ја стимулира работата на црниот дроб и го подобрува варењето.

Чај од коријандер

Освен како зачин, коријандерот може да ви послужи и како состојка за чај кој ги врзува токсините и ги елиминира од вашето тело. Многу е делотворен кога се во прашање дигестивни проблеми.

Чај од магарешки трн

Овој чај е вистински заштитник на вашиот црн дроб. Покрај токсините од храната, го чисти телото и од пестицидите со кои се третирани овошјата и зеленчуците кои ги јадете.

Напомена: Секој од овие чаеви е специфичен за берење и подготовка. Секогаш консултирајте се со искусни билкари и фармацевти, доколку самите немате познавање во оваа област. Подготвувајте ги според нивните препораки и пијте ги во количината која е соодветна за билката.

Слични содржини