Чаир и Студеничани со огромен број на заболени, за рестриктивни мерки ќе се носи одлука наредните денови

од Берта Китинска

Комисијата за заштита од заразни болести до четврток треба да донесе одлука во врска со евентуално воведување рестриктивни мерки на одредени подрачја. Како што кажа министерот за здравствво, Венко Филипче на денешната прес конференција, Комисијата ги следи бројките на новозаболени пациенти, по што ќе следува донесувањето на соодветни одлуки.

„Во Скопје Чаир и Студеничани, огромен број се во рамките на 10 семејства и се прават интервјуа, се ставаат лица во изолација и се прават контакти. Има позитивни на ковид-19 во објекти за стари лица во Ченто и Кадино. Во едниот има 2 штитенички, а во другиот заболени се тројца вработени“, изјави Филипче.

Слични содржини