Чаирскиот огранок на Алтернатива бара оставка од Сали

од Nikola Popovski

Огранокот на Алтернатива од Чаир бара оставка од министерот за здравство, Беким Сали. На денешната прес-конференција Меритон Цивули истакна дека во партијата се загрижени и незадоволни од партиските цена на министерот Сали.

-Со голема огорченост ве известуваме дека сите точки кои не дефинираат како Алтернатива, се погазени токму од министерот Беким Сали, а пак тоа не натера да реагираме до претседателот на партијата, Африм Гаши, вели Цивули.

Според нив, Сали ги погазил сите точки на нивната партија.

-Местата кои ни следуваа според политичкиот договор од пред една година на Универзитетските клиники и претседател на управниот одбор во Фондот за здравство не се реализирани. Неунапредување на албански кадри, ниту еден шеф на одделение, ниту една главна сестра. Реагираме за неспособноста и неефикасноста на министерот. Апелираме до претседателот на партијата во рок од 10 дена да иницира разрешување на министерот, изјавил Цивули.

Претседателот на АлтернАтивА – Огранок Чаир, Фатон Фазли преку соопштение се изјасни во врска со барањето на неколку активисти од огранокот кои имаат забелешки на работата на министерот за Здравство, Д-р Беким Сали

-Сакам да објаснам дека во органите на Огранокот на Чаир немало никакви жалби и незадоволства кон ниту еден функционер на партијата. Ниту на Претседателството на Огранокот, ниту на Собранието на Огранокот на Чаир, која беше одржана пред извесно време, немало ниту една забелешка, па затоа денешната реакција нема никаква врска со Огранокот на Чаир, туку може да биде резултат на личните незадоволства.Како и да е, сакам да потсетам дека, според Статутот на партијата, прашањето на именување или разрешување на партиските функционери не е во надлежност на ограноците, туку е во надлежност на Централното претседателство на АлтернАтивА.
Како претседател на Огранокот на Чаир, му честитам на министерот, Д-р Беким Сали, за
неговата досегашна работа и му пожелувам успеси, рече Фазли.

Слични содржини