Чај подготвен по тибетански рецепт, за здравје и долговечност

од Elena Daskalova

Тибетанскиот чај е една од најздравите напивки во светот, а според Тибетанците, токму во него е тајната на нивното добро здравје и долговечноста.

Главна состојка е ѓумбирот, кој има аналгетски и антивоспалителни дејства, а ќе ви помогне и да се изборите со хроничниот замор и чувството на исцрпеност.

За да го подготвите, потребни ви се 5 гр рендан ѓумбир, сок од половина лимон, голема лажица мед, малку чили и малку анасон.

Провријте 2 литра вода, оставете температурата да падне на околу 80 степени, па додадете ги сите состојки. Поделете ја количината за да имате за цел ден. Не оставајте го за утре, туку секој ден подготвувајте нов чај.

Слични содржини