ЧАК НОРИС НА ПРОТЕСТ ПРЕД КАПИТОЛ? Се огласи менаџерот на актерот (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Чак Норис не беше присутен на минатонеделниот протест во Вашингтон, на кој дојде до упад во Капитол Хил, изјави денеска неговиот менаџер.

Фотографија од човек кој личи на Норис, со еден од демонстрантите, стана вирална на Интернет.

„Ова не е Чак Норис“, изјави за АП менаџерот на Норис, Ерик Крицер.

Тој рече дека актерот е во Тексас со своето семејство.

Во 2016 година, Норис му даде поддршка на претседателот Доналд Трамп.

Слични содржини