Чарли Шин бесен што неговата ќерка направила профил на мрежата Only Fans (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
542 прегледи

Ќерката на актерот Чарли Шин, Сем Шин, направи профил на мрежата „Only Fans“.

Оваа мрежа најчесто се користи за пласирање експлицитна содржина за пари.

Целата ситуација не му е воопшто пријатна на актерот, па сметал дека постапката на ќерка му е недозволива, а за тоа ја обвини поранешната сопруга Денис Ричард.

Имено, неговата ќерка Сем живее со својата мајка.

„Таа има 18 години и живее со нејзината мајка. Тоа немаше да се случи ако беше под мојот покрив“, изјави Шин за Page Six, додавајќи:

„Не го одобрувам тоа, но ако не можам да го спречам, апелирам да го направи тоа со стил, креативно, да не го жртвува својот интегритет“.

Оваа непријатна ситуација ја коментираше и поранешната сопруга на актерот, Денис, која истакна дека таа нема никакво влијание врз нејзината ќерка до тој степен, за да влијае на нејзините одлуки.

„Како родител можам само да ја водам и да ѝ верувам на нејзината проценка, но таа сама ги носи одлуките“, изјави Денис.

Инаку, Сем Шин има 18 години, а следбениците на Инстаграм ги извести дека ќе почне да „работи“ на оваа мрежа. Според Сем, цената на нејзината содржина ќе биде 19,9 долари, а ќе се објавува неколку пати неделно.

Да потсетиме, Денис и Шин се венчаа во 2002 година, а се разведоа во 2005 година, пред да се роди втората ќерка Лола Шин.

Слични содржини