Чарлиз Терон призна дека имала три операции

од desk4

Холивудската актерка, Чарлиз Терон која наскоро ќе ја гледаме во новиот филм „Bombshell“, секогаш плени со својата убавина и јавноста е заинтересирана за детали од нејзиниот живот кои не секогаш ги открива.

Но овој пат таа прозборе искрено за некои интимни детали. Имено 44 годишна ѕвезда откри дека и покрај зафатениот распоред таа нема дадилки кои ѝ помагаат во грижата за децата Џексон (7) и Огаст (4).
Друга изненадувачка вест е дека Терон одлучи да не се крие повеќе и да признае дека имала три пластични операции, но не откри на кој дел од телото или лицето. Сепак таа отворено зборува за тоа како успева да се соочи со сите предизвици и тешкотии низ кои минува секојдневно. Во грижата за децата, двете кучиња кои неодамна ги посвои и преполниот распоред со снимања, таа најголема помош има од мајка ѝ како и неколку блиски пријатели.
– Кога ги посвоив Џексон и Огаст знаев дека ќе ми треба голема помош од мајка ми. Навистина ми е многу тешко да се снајдам како самохрана мајка, па затоа поддршката која ја добивам од мајка ми во нивното растење ми е од огромно значење – искрена е Чарлиз.

Слични содржини