ChatGPT стана најбрзо растечката апликација на сите времиња

од Vladimir Zorba

Апликацијата за разговори ChatGPT, развиена од калифорниската компанија „Open AI“, стана најбрзо растечката апликација на сите времиња, објави Ројтерс.

Според студијата на UBS, интернет апликацијата ChatGPT имала 13 милиони уникатни корисници дневно во јануари 2023 година, што е двојно повеќе од бројот на посетители во декември минатата година.

Според студијата, ChatGPT постои само два месеци и веќе има околу 100 милиони месечни корисници. За споредба, на TikTok му требаа 9 месеци за да достигне 100 милиони месечни активни корисници, додека на Instagram му требаа повеќе од две години за да ја достигне таа бројка.

„Во последните 20 години кога ги следиме услугите на Интернет, не можеме да најдеме пример за побрз раст меѓу потрошувачките интернет апликации“, се наведува во анализата на UBS.

Студијата цитира аналитика од Similarweb и го позиционира четботот наспроти другите брзорастечки апликации како TikTok и Instagram.

Слични содржини