Чави ја одбил Барселона бидејќи сè уште му било рано

од Vladimir Zorba

Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави Ернандез призна дека се уште не се чувствува доволно подготвен да ја преземе тренерската функција во Барса.

Чави доби предлог од раководството на Каталонците да го замени Ернесто Валверде, но во овој момент тој ја одби поканата и претпочиташе да се фокусира на неговиот сегашен клуб Ал-Сад од Катар.

„Добив предлог од Барселона од Ерик Абидал и Оскар Грау, но не прифатив затоа што е премногу рано да тренирам тим како Барселона. Но, тоа останува мој сон за иднината“, изјави Чави за „Мундо Депортиво“.

По одбивањето на Чави, раководството на Барселона го назначи Кике Сетиен за заменик на Валверде.

Слични содржини