Чави сака да се ослободи од „столбовите“ на Барса

од Nikola Popovski

Како што медиумите во Шпанија пишуваат, тренерот на Барселона, Чави Хернандез наскоро би можел да се ослободи од четворицата играчи кои го сочинуваа столбот на тимот во претходните неколку години.

Во прашање се капитените Жерар Пике, Серхи Роберто, Џорди Алба и Серхио Бускетс.

Очигледно планот на Чави е да назначи нов капитен на тимот.

Тоа најверојатно ќе биде 19-годишниот Педри, а негови замени ќе бидат Арухо, Тер Штеген и Роберт Левандовски.

Иако Левандовски штотуку пристигна во клубот, очигледно е дека има голем авторитет.

Слични содржини