Чави со донација од милион евра за болница во Барселона

од Vladimir Zorba

Клиничкиот центар во Барселона денес потврди дека легендата на Барселона Чави и неговата сопруга Нурија донирале милион евра за помош.

„Нурија и јас ја поддржуваме борбата против коронавирусот која оваа болница ја води. Благодарение на донациите што ги прима, болницата ја набави потребната опрема за пациенти и медицински професионалци“, рече Чави, кој сега е тренер на катарски Ал Сад.

Чави е последен во низата спортисти кои се вклучија во борбата против вирусот во Шпанија. Пред него пари дадоа и Лионел Меси, Пеп Гвардиола, Пау Гасол, Рафаел Надал итн.

Слични содржини