Чавушоглу: Доколку ОН воведат санкции кон Русија, Турција ќе се приклучи

од Vladimir Zorba

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу најави дека Анкара ќе мора да се приклучи на санкциите против Русија доколку тие бидат одобрени од ОН.

„Турција го почитува меѓународното право, ќе водиме урамнотежена политика. Доколку ОН воведат санкции кон Русија, Турција ќе биде принудена да им се придружи“, рече Чавушоглу во денешното интервју за рускиот канал „НТВ“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави претходно овој месец дека Анкара нема да се приклучи на санкциите што САД и ЕУ ги воведоа кон Русија поради актуелната ситуација во Украина.

Слични содржини