Чавушоглу: Доколку САД не ги испорачаат борбените авиони, Турција ќе разгледа купување руски авиони

од Milan1

Tурскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, порача дека Соединетите Американски Држави (САД) треба или да ги испорачаат борбените авиони Ф-35 кои Турција ги има платено или да ги вратат парите, или наместо тоа да дадат друг производ, јави агенцијата Анадолија.

– Доколку САД не сакаат да го решат проблемот со Ф-35 или ако Конгресот на САД го блокира тоа, Турција ќе разгледа други опции, вклучително и купување СУ-35 или СУ-57 од руско производство, изјави Мевлут Чавушоглу во телевизиско интервју за „Си-Ен-Ен Турк”.

– Турција и САД се согласија да ги продолжат разговорите за решавање на проблемот околу програмата за стелт борбените авиони Ф-35, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.

Како што пренесе Анадолија, во соопштението се информира за состанокот на претставници на министерствата за одбрана на двете земји во главниот град Анкара, на кој е разговарано и за финансиски прашања.

Во 2019 година Вашингтон објави дека ја вади Турција од програмата за стелт борбени авиони Ф-35 поради купувањето на системот С-400 од страна на Анкара. Турција, сепак, нагласи дека С-400 нема да бидат интегрирани во системите на НАТО и нема да претставуваат закана за Алијансата или за нејзиното вооружување.

 

Слични содржини