Чавушоглу: Конфликтот во Нагорно Карабах да се реши како во Сирија

од Vladimir Zorba

Турција и предложила на Русија прашањето за конфликтот во Нагорно Карабах да се реши со „испробан метод“, односно по моделот „Сирија“, изјави шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

Како што рече, на таа тема се одржал разговор со рускиот претседател Владимир Путин и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Според него, би било добро да се започне заедничка работа по тоа прашање што е можно поскоро, исто како што Москва и Анкара работеа во Сирија “.

Досега, овој конфликт не беше решен ниту билатерално, ниту мултилатерално. „Нерешениот конфликт само ја охрабрува Ерменија“, рече тој, додавајќи дека Азербејџан предолго ја толерирал ерменската „окупација“.

Според него, прашањето може да се реши и ако Ерменија ги повлече своите трупи од територијата на непризнатата република Нагорно Карабах, пренесува Спутник.

„Додека дејствуваме заедно во Сирија, се обидовме тука, но не успеавме. Тие велат: „Нека запре војната“. Нека биде така. Мора да се прогласи примирје, но Ерменија мора да се повлече од окупираните територии. Дали е тоа речено? Не! Како тогаш ќе се реши тоа прашање?“, праша министерот.

Чавушоглу порано денес изјави дека Турција е подготвена да го поддржи Азербејџан и на бојното поле и на преговарачката маса.

Слични содржини