Чавушоглу: Турција не му даде никаква аудиоснимка на ниту еден претставник

од desk2

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, ги негираше тврдењата дека на министерот за надворешни работи на САД, Мајк Помпео, му дал аудиоснимки околу случајот Кашоги.


– Турција не му даде никаква аудиоснимка на Помпео или на кој било американски претставник, нагласи Чавушоглу и вели дека се води транспарентна истрага за тој случај.

– Сите резултати кои ќе бидат откриени, ќе ги споделиме со светската јавност. Не сме споделиле некоја информација со ниту една земја, истакна шефот на турската дипломатија, Чавушоглу, за време на прес-конференцијата со неговиот албански колега Дитмир Бушати, во Тирана, во врска со случајот Кашоги.

Саудискиот новинар Џамал Кашоги исчезна по неговото влегување во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2 октомври.

Слични содржини