Чеферин: Европското може да биде само во една земја

од Vladimir Zorba

Претседателот на Европската фудбалска централа (УЕФА), Александар Чеферин, изјави дека постои можност Европското првенство да се одржи следната година во помалку од предвидените 12 земји.

„Како и секогаш, ние сме загрижени за ситуацијата во врска со пандемијата на коронавирус, но апсолутно сме убедени дека ќе се игра Европското. Засега, планот е да се одржи точно како што беше планирано, но има и можности да се намали бројот на земји домаќини на осум, пет или дури една“, рече Чеферин во интервју за шпанската телевизија „Мовистар“.

Претседателот на УЕФА додаде дека сега е рано да се зборува за тоа дали натпреварите на Европското првенство ќе се играат без публика, со ограничен број на гледачи или пред полни трибини.

Поради пандемијата на коронавирус, еврото беше одложено за една година и треба да се одржи од 11 јуни до 11 јули 2021 година.

Чеферин се осврна и на крајот на минатата сезона во Лигата на шампионите, кога се играше еден натпревар од четвртфиналето до крајот.

„Конечниот систем од минатата сезона беше интересен и имаме позитивни реакции од клубовите учесници. Последниот турнир со осум екипи веројатно е тешко да се вклопи во календарот на натпреварувања, но што се однесува до мене, еднонеделниот завршен турнир со четири екипи би бил одличен настан. Но, нема да има промена во системот на натпреварување сè до почетокот на новиот циклус планиран за сезоната 2024/25“, заклучи Чеферин.

loading...

Слични содржини