Чеферин го уверува Ливерпул: Нема да ве оставиме без титула!

од Vladimir Zorba

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин е убеден дека фудбалските првенства во Европа ќе продолжат.

Поради пандемијата од коронавирус, првенствата се прекинати низ цела Европа, освен во Белорусија.

– Серија „А“ ќе заврши. Јас сум оптимист за ова и убеден сум, иако не можам да го ветам или гарантирам. Во Европа, сè ќе зависи од состојбата во секоја земја. Ќе се обидеме да го најдеме вистинското решение за секоја лига штом владите ќе ни дадат зелено светло – рече Чеферин.

Тој, исто така, ја коментираше ситуацијата во Англија, како и во ЛШ.

– Не знам како можеме да го оставиме Ливерпул без титула. Доколку првенството продолжеше, сигурно ќе имаше шампион. Ако првенството не продолжи, ние ќе ги советуваме лигите да ги доделат титулите на екипите со најдобар пласман. Што се однесува до Лигата на шампионите, ќе ја завршиме во ист формат – беше јасен првиот човек на УЕФА.

Слични содржини