Чеферин им сугерира на Англичаните: А, да го укинете Лига купот?

од Aleksandar Petrovski

Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин ја повика Фудбалската асоцијација на Англија да го укине Лига Купот, второ квалитативно натпреварување на Островот, чиј актуелен освојувач е Манчестер Сити.

Тоа, како што рече во разговор за „Тајмс“, би било најдобра одлука во време на се позгуснат распоред на клубовите.

– Лига купот е укинат во Франција. Остана само Англија. Мислам дека сите знаат оти би било најдобро тоа натпреварување да не се игра повеќе, рече Чеферин.

Лига Купот во Англија се игра од сезоната 1960/61 и повремено се јавуваа предлози за негово укинување.

Слични содржини