Чеферин: Малку е веројатно дека ќе ја завршиме сезоната без Реал Мадрид

од Nikola Popovski

Полуфиналните натпревари од Лигата на шампионите, закажани за следната недела, не се во опасност, изјавил претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин, како гостин во емисијата „24ур Звечер“ на словенечкиот „Поп Тв“.

Последните денови се појавија информации дека основачите на Суперлигата можат да бидат исфрлени од Лигата на шампионите, но по распадот на „Лигата на богатите“, само Реал Мадрид остана меѓу полуфиналистите. Сепак, првиот човек на УЕФА ја отфрла можноста за исфрлање на „Кралскиот клуб“.

„Малку е веројатно дека ќе ја завршиме сезоната без Реал. Носителите на ТВ права би барале компензација доколку не се одиграат полуфиналните натпревари. Сепак, работите ќе бидат малку поинакви во иднина. Вратите на УЕФА остануваат отворени за секого, но секој ќе мора да сноси последици за своите постапки“, рекол Чеферин.

„Суперлигата е обид да се воспостави фантомска лига на богати што не би го следеле системот, не би ги зела предвид фудбалската пирамида, традицијата, културата, историјата“, рече Чеферин.

Слични содржини