Чекајќи го европеецот Хан

од Vladimir Zorba

Тоа е Европа- ветува, ама исполнува само што тоа и одговора,  во една реченица еден дипломат ми   го искоментира однесувањето на еврокомесарот Јоханес Хан во врска со неговата очекувана „појаснувачка изјава“.  Тој требше , како што самиот понуди вчера да дообјасни што сакал да каже во Вашинготн, кога со неговите паушални и неточни изјави го предизвика лидерот на опозицијата да се откаже од утрешните преговори, колку за заокружување на договореното во Пржино. Хан вети ама не исполни, а очекува другите да му веруваат на зборот !?хан

Лидерот на СДСМ најави дека делегацијата на СДСМ  ќе игради став дали одат или не на преговорите во Брисел. Тој на новинарско прашање дали ќе патува во Брисел, со оглед дека комесарот Јоханес Хан се уште нема дадено изјава како што беше договорено, рече дека треба да се почека до крајот на денот.

-Ние ја очекуваме изјавата зошто во разговорот договоривме дека треба да има лично изјава од Хан, каде што се потенцира на суштината на разговорите но и за изборната измама која беше констатирана во Македонија. Ние ја очекуваме, и согласно со тоа зависно е дали одиме за Брисел, рече Заев.

-Транспарентноста во ова општество, заедно со граѓаните е наша одлика како соопштување на ставовите. Тоа што досега е врамено во таа рамка за преговори кои ќе следуваат е голем успех, но сепак останува најважното прашање, каква влада ќе ге организира изборите, ако тоа не се договори, ништо од потпишаното не важи, рече Заев.

Можно е да падне автократски и дикататорски режим без насилство и без насилен пат. За нас е неприфатливо овие избори да ги организира влада од Никола Груевски, и точка, од тоа нема поместување.

Еврокомесарот ХАн го искритуваа и екс амбасадорот на ЕУ Ерван Фуере и нашиот дипломат Никола Димитров

Комесарот, повеќе од другите луѓе, треба да знае дека прашањата како медиумското опкружување, финансирањето на политичките партии и нивната способност да водат кампања без притисоци, како и употребата на државните фондови од владејачката партија, исто така се дел од проценката на демократските стандарди“, се вели во статијата и се додава дека изборите во Македонија се проблематични од 2006 година, кога Груевски доаѓа на власт.

Договорот од 2 јуни, постигнат со посредство на ЕУ, вели дека изборите втреба да се одржат 10 месеци, откако претходно ќе се спроведат реформи, како прочистување на избирачкиот список. Но, во Македонија мора да се стори многу повеќе, мора да се деконтаминира целиот политички систем, за што е потребно повеќе време, пишуваат Димитров и Фуере.

За утре во Брисел е  сеедно дали Хан ќе даде изјава или не, сеедно дали на таа средба ќе отпатува делегација на СДСМ со или без лидерот Заев, Хан   нема ништо да се реши. Хан не успеа!  Процесот тапка во место и  главно е дека позициите се далеку од приближени. Во скопско Пржино ,колку за да Хан забележи некаков успех , се тргна од она на што се согласуваа и двете страни од полесното. Вистината е дека  Груевски тоа   го нудеше и без него, уште на лидерските средби. Груевски и пред бомбите и на лидерските зад камерите и јавноста  ги прифаќаше  сите измени и барања на СДСМ , само да не му се чепка во  владата. И сега многу што кај Грувски не е променето. И сега останува  клучното прашање или тоа што е прво на листата- преодната Влада. Така што тука  Хан нема што да  книжи поени, како свој успех. Го превеслаа него и Заев и  Груевски за да побргу го фати авионот и да ја даде таа надежна транзициска изјава.За вистински преговори , е тоа ќе мора да го прави некој друг капацитет, поумерен и подипломат  и без коцкарски манири во преговори.

Тоа е следната фаза и  ќе бидат вистинските течки преговори кои веројатно ако уште утре не бидат вклучени , такви преговарачи, многу брзо ќе се најдат на заедничката маса во Скопје,. Дури тогаш моѓе да очекуваме некаков конечен исход за излез од кризата. Тоа нема да биде утре, или тоа утре ќе биде некое задутре.

Драган Антоновски

Слични содржини