Чекинато и Пеја ќе играат за титулата во Умаг

од desk2

Марко Чекинато (Италија) и Гвидо Пеја (Аргентина) ќе играат за титулата на турнирот во Умаг (Хрватска) со награден фонд 501 илјади евра.

Третиот носител на турнирот, Чекинато го победи убедливо аргентинскиот квалификант Марко Трунхелити со 6:2, 6:1 за 66 минути игра. Така полуфиналистот од „Ролан Гарос“ се пласираше во второтот финале во кариерата и во сезоната, откако во април го освои првиот трофеј во синџирот на АТП во Будимпешта.

25-годишниот Италијанец, кој е 27-ми во светската АТП листа, го очекува во решавачкиот натпревар Пеја, кој го елиминира шестиот во шемата Робин Хасе (Холандија) со 6:3, 1:6, 6:2. 28-годишниот Аргентинец се стреми кон првата титула во третото финале како професионалец.

Слични содржини