Челникот на Католичката црква во Германија му ја понуди својата оставка на папата

од Stefanija Kuzmanovska

Водачот на Католичката црква во Германија, кардинал Рајнхард Маркс, му ја понуди на папата Франциск својата оставка од функцијата архиепископ, велејќи дека тој носи заедничка одговорност за „катастрофата“ на сексуално злоставување од страна на свештенството во последните децении.

Неговата понуда, која папата допрва треба да ја прифати, дојде среде гневот кај германските верници поради злоупотребите. Минатата недела, папата испрати двајца странски бискупи да ја испитаат архиепископијата во Келн, најголемата во Германија, за справување со случаи на злоупотреба.

– Ја делам заедничката одговорност за катастрофата на сексуално злоставување од црковните службеници во изминатите децении – пишува Маркс, кој е архиепископ во Минхен, додавајќи дека се надева дека неговото заминување ќе создаде простор за нов почеток

Маркс во изјавата објавена на веб-страницата на неговата архиепископија рече дека папата му наредил да остане на функцијата, додека одлучувал дали ќе ја прифати неговата оставка, објави „Ројтерс“.

Слични содржини