Челси понуди 70 милиони плус Алонсо за Де Јонг

од Vladimir Zorba

Челси достави понуда до Барселона за Френки де Јонг.

Според „Спорт“, понудата на лондончани е за 70 милиони евра плус Маркос Алонсо, кој е трансфер цел на Каталонците.

Најверојатно Барселона ќе ја прифати понудата, но тоа не значи дека трансферот ќе се случи. И Манчестер Јунајтед практично има договор со шпанскиот клуб, но проблемот е што самиот Де Јонг категорично одбива да си замине од Камп Ноу.

За овој факт се свесни и во Челси, но сепак ќе се обидат овој викенд да го убедат Де Јонг.

Доколку пропадне трансферот на Холанѓанецот, Челси сепак ќе го продаде Алонсо на Барселона. Се претпоставува дека „сините“ за него ќе сакаат околу 10 милиони евра. Англискиот клуб вчера потпиша договор со Марк Кукуреља, па патот на Алонсо до „Камп Ноу“ сега е расчистен.

Слични содржини