Челси тргнува по Левандовски!?

од Vladimir Zorba

Челси, како што стојат работите, ќе игра во Лигата на шампионите и следната сезона. До неодамна беа во тешка ситуација, но сега на два фронта се борат за нов настап во елитата.

Тие се на третото место во Премиер лигата пред последното коло и ќе изборат место доколку во последните 90 минути ја совладаат Астон Вила на гости во Бирмингем. Исто така, на 29 мај тие ќе се соочат во финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити, каде што, доколку триумфираат, ќе обезбедат свој настап како бранител на титулата, без оглед на тоа кој завршил во шампионатот.

Додека се подготвуваат за финишот на сезоната, тие го скенираат теренот за летниот преоден рок на „Стемфорд Бриџ“. Според германските медиуми (Скај Германија), првата мета на тренерот на Челси, Томас Тухел, ќе биде ни помалку ни повеќе, туку Роберт Левандовски.

Можеби тоа би бил Хари Кејн, но англискиот репрезентативец јасно им стави до знаење на луѓето од Тотенхем дека тој е заинтересиран само да се пресели во Манчестер Сити и да игра под водство на Пеп Гвардиола, па таа приказна е затворена и за Челси и за Манчестер Јунајтед и за сите други кој размислувале за негово привлекување.

Неверојатниот Левандовски има нереално добра сезона зад себе, постигнувајќи 47 погодоци на 39 настапи во сите натпреварувања и запиша девет асистенции, соборувајќи низа рекорди. Иако во август ќе го прослави својот 33-ти роденден, тој сепак игра на врвно ниво, па Тухел не се сомнева дали му е потребен на Челси или не.

Германскиот стручњак е разочаран од слабата реализација на неговите напаѓачи. Тимо Вернер, Тами Абрахам и Оливие Жиру кои постигнаа 35 голови заедно оваа сезона во сите натпреварувања во кои играше Челси, а тоа е едноставно премалку за клуб со највисоки можни амбиции.

Германците пишуваат дека Барселона исто така ја следи ситуацијата околу Левандовски, но со оглед на финансиските проблеми што ги имаат Каталонците, тешко е да се поверува дека би можеле да остварат ваков трансфер.

Од друга страна, Челси нема проблем со пари и не сака да губи време, па летово ќе тргнат по Левандовски… Ќе видиме што ќе каже Баерн и кои ќе бидат амбициите на играчот.

Слични содржини