Челзи и Баерн во битка за Фекир

од Vlatko K

Челзи и Баерн Минхен ќе влезат во здрава битка во јануари за играчот од средниот ред на Лион, Набил Фекир, објави „Франс Фудбал“.

Околу иднината на последниот има доста шпекулации уште од летото и тогаш тој беше на чекор од преминување во Ливерпул, но буквално во последен момент зделката пропадна и на крајот фудбалерот остана на „Жерлан“.

 

Во моментов Факир се проценува на 60 милиони евра, и овој износ нема да биде проблем за ниту еден тим.

Изданието напорно тврди дека „Алијанц Арена“ е поверојатна дестинација за полудефанзивецот, но на крајот не е исклучено да помине и на „Стемфорд Бриџ“.

Ако неговиот трансфер не се случи во јануари, сигурно тоа ќе биде случај во текот на летото, но и
двете екипи ќе се обидат да го обезбедат следниот месец.

Слични содржини