Челзи со три бода од Амстердам, спектакуларен волеј на Сабицер за триумф на Лајпциг

од Vladimir Zorba

Фото: sportstar.thehindu.com

Челзи го совлада Ајакс во Амстердам со 1:0 и бодовно се израмни со ланскиот полуфиналист во Лигата на шампиони во групата Х. Погодокот за втора победа во низа на лондонските „сини“ беше дело на Миши Бачуаји во 86-та минута по додавање на Кристијан Пулишиќ.

Во вториот меч од 18.55 часот, Лајпциг славеше над Зенит со 2:1 во меч од третото коло во групата Г. Рускиот тим поведе преку Јарослав Ракицки во првото полувреме за бундеслигашот да возврати со головите на Конрад Лајмер во 49-та минута и спектакуларниот волеј на Марсел Сабицер во 59-та минута.

Слични содржини