Чернева: Земјите-членки на унијата се во заедница за заедничка иднина, а не за решавање на историски проблеми

„Врз основа на достигнувања, наместо врз основа на историја и идентитет може да се блокира членството на одредена земја кандидат во ЕУ. Она што Бугарија го прави, односно што ја внесува историјата во процесот на проширување, е типично оневозможување да напредуваат и останатите балкански земји“, ова во интервју за бугарски „Капитал“ го истакна Весела Чернева, инаку заменик-директор на Европскиот совет за надворешна политика.

„Постојат најмалку 11 билатерални спорови на Балканот. Ќе биде опасно, ако секој може секого да го блокира. Се разбира, земјите-членки можат да имаат тврдења за тоа како една земја го применува европското законодавство, како се прилагодува на европските стандарди и ова е основа за соодветно прекинување на преговорите или враќање кон одредено поглавјеа. Поентата е дека тоа не се прави врз основа на историјата и идентитетот“, вели Чернева.

Во ЕУ таа вели дека постои договор според кој овие земји-членки се во една заедница, затоа што сакаат заедничка иднина, а не да ги решаваат своите историски проблеми и несогласувања. И ова, вели Чернева, се постигнува преку економска кохезија, трговија и модерна дипломатија.

-Бугарија си создаде слика со која се претвора од пасивно-конструктивна во пасивно-агресивна земја и всушност многу луѓе не сфаќаат дека оваа штета е многу тешко да се поправи. Штетите можат да се направат за неколку недели, но потребни се години работа за истите да бидат отстранети, истакнува Чернева.

Што се однесува до приоритетите на германското претседателсктво, Чернева вели дека освен Северна Македонија, Германија има и доста други приоритети.

„Несомнено, ова е економско закрепнување од кризата со Ковид-19, буџетската рамка за следните седум години, Брегзит, ЕУ-Кина. Сите овие се широки теми за кои нема консензус во Европската Унија. Отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија беше на агендата токму за да се сигнализира дека проширувањето не е завршено, но ќе продолжи. И ова беше придонес на Германија во процесот на проширување, кој има многу противници во ЕУ“, оценува Чернева.

Инаку, според неа, се уште не е завршено, бидејќи има време до крајот на годината. Па така, за целиот регион ова е чекор назад, а Република Северна Македонија имаше најголеми причини да очекува поттик од Унијата, особено што Заев го доби вториот мандат токму со ветување за поголема и побрза европска интеграција. Тој го деблокира европскиот пат на Македонија.

Истакна и дека мора да се стави до знаење дека политичката цена што Бугарија ќе ја плати ќе биде многу поголема од придобивките за која било надворешна сила.

„Во оваа фаза, не гледам дека стекнавме некаков бенефит од надворешната политика. Единствено што гледам е дека истуривме изборна поддршка за Красимир Каракачанов. Не знам зошто ова треба да биде приоритет на бугарската надворешна политика. Секој има внатрешна политика и нашите партнери го гледаат домашниот политички случај, но сепак раководството е ова: да бидете во таква позиција да одлучите кој е вашиот приоритет на крајот и до кој степен ќе ги ставите интересите на мала националистичка партија во спротивност со големиот европски интерес“, подвлече Чернева.

Таа вели и дека ако Владата почнела сериозна дипломатска или каква било друга – економска, културна, образовна работа со Македонците во последната година и половина, ова немало да се случи, а со тоа и влијанието на Каракачанов врз ова прашње немало да биде толку големо.

 

Слични содржини