Чешка го презема претседавањето со ЕУ: Во фокус Украина, климатската криза и мигрантите

од Stefanija Kuzmanovska

Според најавите од Прага, главниот фокус на европската агенда до крајот на годината ќе биде ставен на решавање на последиците од конфликтот во Украина, почнувајќи од мигрантската криза, околу енергетската безбедност, како и зајакнување на одбраната и економијата на ЕУ.

Претставниците на ЕУ веќе најавија дека за време на чешкото претседателство се очекува првиот состанок на европската политичка заедница во Прага, како нов формат за паневропска соработка, во кој за првпат лидерите на земјите-членки на ЕУ, Европскиот економски простор и Западен Балкан и Украина, Молдавија и Грузија треба да седнат на иста маса, пишува „Телеграф“.

„Европа во моментов се соочува со многу проблеми и предизвици, но ако дејствуваме со единство и одлучност, ќе излеземе посилни и поотпорни од овие кризи“, изјави чешкиот премиер Пер Фиала пред почетокот на претседавањето на неговата земја.

Инаку, ова е второ претседавање на Чешка со Советот на ЕУ, во текот на 18-годишното нејзино членство во Унијата.

Веќе денеска сите еврокомесари, предводени од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, ќе се сретнат во Чешка со претставници на двата дома на националниот парламент за да разговараат за приоритетите и агендата на ЕУ до крајот на годината.

Слични содржини