Чешка може да протера околу 60 руски дипломати

од Nikola Popovski

Чешка може да протера „околу 60“ вработени во руската амбасада во Прага, доколку Русија не се реши да ги врати чешките дипломати во Москва до пладне денес, кои ги прогласија за персона нон грата, изјави чешкиот министер за надворешни работи Јакуб Кулганек во интервју објавено во весникот „Лидове новини“.

„Тоа би биле приближно 60 лица (вработени во руската амбасада). Целта е тој број вработени во руската амбасада да одговара на сегашниот број на вработени во нашата амбасада во Москва“, рекол министерот.

Со цел да се реагира на инцидентот во Врбјетица, чешкото Министерство за надворешни работи се консултира со Велика Британија и Холандија „во врска со нивното искуство во тоа како дејствувале тие земји во случаите на ракетата што удри во авион на летот МХ17 над Украина или труењето на руски агент Сергеј Скрипал во Солсбери, Велика Британија“.

Кога станува збор за можна компензација за штетата од експлозијата во Врбјетица, министерот посочи дека чешката страна разгледува различни можности.

Слични содржини