Чешка: Не очекувавме толку силна реакција од Русија

од Nikola Popovski

Реакцијата на Русија за протерувањето на 18 вработени во руската амбасада беше посилна отколку што очекувавме, имајќи ја предвид постојната практика во вакви случаи, вицепремиерот и министерот за полиција на Чешка Јан Гамачек, кој во моментов е и министер за надворешни работи на земјата , изјавил за новинарите.

„Реакцијата на руската страна (на протерувањето на дипломатите) беше посилна отколку што очекувавме, бидејќи највисокиот депортиран функционер е заменик-амбасадор. Неколку (чешки) дипломати беа протерани. Подготвив предлог за премиерот (на Чешка Андреј) Бабиш за нашите понатамошни активности. Прво ќе го информирам за тоа“, рекол Гамачек.

Тој изразил незадоволство што заменик-амбасадорот исто така бил протеран.

Синоќа, Министерството за надворешни работи на Русија објави дека 20 лица вработени во амбасадата во Чешка се персона нон грата, еден ден откако чешкиот премиер Андреј Бабиш објави дека Прага се сомнева дека руските разузнавачки служби се одговорни за експлозијата во складиштето за муниција во селото Врбјетице во 2014 година. Истиот ден, чешкиот министер за надворешни работи Јан Хамачек рече дека неговата земја протера 18 руски дипломати.

Слични содржини