Чешка сака да ги купи од Данска несаканите дози на „АстраЗенека“

од Vladimir Zorba

По одлуката на Данска да ја прекине целата употреба на вакцината за коронавирус на „АстраЗенека“, Чешка изрази желба да го преземе вишокот вакцини од Данска.

„Подготвени сме да ја купиме вакцината „АстраЗенека“ од Данска“, напиша на Твитер министерот за внатрешни работи на земјата, Јан Хамамацек, пренесе „Хина“.

Вакцината „АстраЗенека“ беше нападната во последните неколку недели, бидејќи постои зголемена загриженост дека нејзината употреба може да предизвика смртоносни тромбови.

Неколку земји ја ограничија употребата на вакцината, но Данска отиде чекор понатаму и засега престана да ја користи целосно.

Но, понудата на Чешка покажува дека некои земји сепак сакаат да го вакцинираат населението со таа вакцина.

Засега не е јасно дали е дозволена ваква продажба меѓу двете земји според правилата на ЕУ.

Данска не ја исклучи можноста за повторна употреба на вакцината во средата. Чешката влада се најде на удар на критики поради договорот за бавна вакцинација.

Досега се целосно вакцинирани 768.250 лица од 10,7 милиони жители.

Слични содржини