Чешка: Судот го ослободи поранешниот премиер од обвиненијата за измама

од Stefanija Kuzmanovska

Чешкиот суд денеска го ослободи поранешниот премиер Андреј Бабиш од обвиненијата за измама поврзана со субвенциите од ЕУ, што ги подобри изгледите за успех на овој милијардер и фаворит на претседателските избори оваа недела, пренесува „Танјуг“.

Обвинителството побара парична казна и условна затворска казна за Бабиш, обвинувајќи го дека незаконски присвоил околу два милиони евра наменети за изградба на рекреативен и конгресен центар во близина на Прага, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини