Чешка: Влезот во НАТО нема да им донесе трајна безбедност на Шведска и Финска

од Stefanija Kuzmanovska

Влезот во НАТО нема да им донесе трајна безбедност на Шведска и Финска, изјави денеска чешкиот заменик министер за надворешни работи Петр Друлак.

„Со влезот во НАТО, двете нордиски земји можат да се опуштат во однос на безбедноста, но на долг рок, овој чекор нема да им донесе безбедност. Неутралноста им беше корисна. Финската неутралност за време на Студената војна помогна да се постигне напредок и безбедност, и покрај наводно нестабилната позиција меѓу Советскиот Сојуз и НАТО. Што се однесува до Шведска, таа не почувствувала голем европски конфликт во изминатите два века“, рече чешкиот претставник, пренесе ТАСС.

Доколку Стокхолм и Хелсинки влезат во НАТО, тоа значително ќе ги загрози нивните односи со Русија.

Слични содржини