Чешките барови отворени во знак на протест против мерките

од Stefanija Kuzmanovska

Баровите и ресторани се отворија денес во Чешка во знак на протест против ограничувањата на владата поврзани со ковид-19, поради кои се затворени од октомври.

„Долго време сме разочарани од владата и сакаме да покажеме дека избра погрешен пат“, изјави Јири Јаначек, директор на пиварницата Maly Janek , за „Франс Прес“.

„Доста ни беше, сметаме дека министрите треба да размислат за оставка“, додаде коосновачот на движењето што ја организираше оваа акција, на која треба да ѝ се приклучат стотици угостителски објекти.

Угостителските објекти кои работат и покрај забраната се соочуваат со максимална казна од 765 евра, изјави за АФП портпаролот на градската администрација во Прага, Вит Хофман.

Слични содржини