Чешкото контраразузнавање со обвинување за Москва за кибер напади против Министерството за надворешни работи

од desk2

Чешкото контраразузнавање (Службата за безбедност и информации, БИС) соопшти дека „очигледно” Русија стои зад минатогодишните кибер напади против Министерството за надворешни работи, кои ги оквалификува како најсериозен случај на кибершпионаж против земјата.

Во годишниот извештај на контраразузнавачката служба се вели дека два одделни кибер напади биле дел од кампањата „Турла” на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) и на хакерската група Еј Пи Ти 28 (APT28) поврзана со военото разузнавање ГРУ, кои во минатото беа обвинувани за напади против Германија и САД.

Според извештајот над 150 имејли на вработени од Министерството биле копирани при нападот, кој почнал во 2016 година, а откриен минатата година. Тогаш чешките власти соопштија дека нападот е комплексен и е дело на странска држава. Уште еден напад почна во декември 2016 година.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека Владата во јануари ќе го разгледа извештајот на Службата за безбедност.

Слични содржини