Честа појава на воспаление на срцевиот мускул кај млади луѓе по примањето на овие две вакцини

од Берта Китинска

Прелиминарните откритија од двата система за следење на безбедноста на вакцините укажуваат на поголем број случаи на воспаление на срцевиот мускул по втората доза на вакцини против МРН кај помлади мажи, соопштија денеска Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ).

Повеќе од половина од случаите се регистрирани по приемот на вакцината Фајзер или Mодерна кај луѓе на возраст меѓу 12 и 24 години, изјави ЦДЦ, објави Ројтерс.

Таа возрасна група сочинува помалку од девет проценти од оние кои ги примиле тие вакцини.

„Очигледно дека имаме нерамнотежа“, рече д-р Том Шимабукуро, заменик директор на Кабинетот на ЦДЦ за безбедност на имунизација.лице на возраст од 16 до 39 години по втората доза на вакцината, во споредба со ваквата појава по приемот на првата доза на вакцина.

Ограничени податоци покажуваат дека повеќето пациенти, најмалку 81 процент, целосно се опоравиле од симптомите, рече Шимабукуро.

Фајзер и Модерна не беа веднаш достапни за коментар, пренесува Танјуг.

Слични содржини