Честитка од Џафери: Големите празници се можност да се потсетиме на работите кои вистински не радуваат

од Берта Китинска

Претседателот на Собранието Талат Џафери упати честитка до граѓаните од православната вероисповед за големиот христијански празник, Христовото воскресение – Велигден, посакувајќи им во негово и во име на пратениците убави празнични моменти во кругот на семејството.

-Упатувам искрени желби за добро здравје, лична и семејна среќа, лични и колективни успеси и радости. Големите празници се секогаш добра можност да се потсетиме на работите кои вистински ни го радуваат срцето, да ја засилиме вербата и надежта која треба да ја имаме за да ги надминеме предизвиците пред нас. Во овие години на пандемија се соочивме со особено голем предизвик, а тоа е нашето здравје и здравјето на нашите драги и блиски луѓе. Осознавме што значи и колку е болно од ден на ден да заминуваат во вечноста блиски и далечни, познати и непознати луѓе. Нека празникот донесе нова, силна надеж и верба во што побрзо надминување на пандемијата, закрепнување на економијата и колективно здравје на сите наши граѓани. Да запомниме дека здравјето е меѓу оние вредности на животот кои се од најголемо значење, кои се незаменливи и универзални за сите нас, без оглед на разликите што не карактеризираат, наведува Џафери во честитката.

Слични содржини