Честитка од Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите

од Берта Китинска

Претседателот Стево Пендаровски по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница.

-Дозволете ми да ви го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите и да ви посакам добро здравје, среќа и елан за заеднички да ја унапредиме состојбата на ромската заедница во Република Северна Македонија. Во оваа прилика би сакал да ја искажам мојата почит кон вашиот придонес во збогатувањето на македонското мултиетничко и мултикултурно општество. Ви ја честитам 50 годишнината од Првиот ромски конгрес во 1971 година во Лондон, кога активисти од Европа ги потврдиле ромското знаме, химна, јазик, култура и ромскиот идентитет на повеќе од 12 милиони Роми во Европа. Педесет години по Првиот ромски конгрес имаме генерациска должност да изградиме општество каде што ќе ги вреднуваме разликите, ќе го почитуваме достоинството и ќе обезбедиме рамноправно учество на сите граѓани подеднакво во донесувањето на одлуки за важни суштински прашања за нашата држава, се наведува во честитката.

Пендаровски посочува дека сите заедно целиме кон градење на солидарно, праведно и слободно општество кое ја почитува различноста и човековото достоинство.

loading...

Слични содржини