Честитки за изборот или барање за итно укинување на таксите: Што точно се вели во писмото на Помпео до Курти?

од Nikola Popovski

Приштинските медиуми објавија денеска дека државниот секретар на САД, Мајк Помпео, испратил писмо до премиерот во Приштина, Албин Курти.

Сепак, се појавуваат две верзии на писмото, едната како честитка за неговиот избор, а другата во која се бара укинување на таксите од 100 проценти на стоки од централна Србија и Босна и Херцеговина, пренесува „Газета експрес“.

Мајк Помпео во писмото изјави дека сега е време да се постигне договор со Белград.

– Им честитам на граѓаните на Косово за успешните и демократски избори. Го поздравуваме формирањето на владата и со нетрпение очекуваме да постигнеме заеднички цели, како што се економскиот раст, владеењето на правото и нормализацијата на односите со Србија – се вели во писмото.

Исто така, се потенцира дека е дојдено време за нормализирање на односите со Белград, што ќе се фокусира на меѓусебно признавање, што, се вели, е клучно за целосна меѓународна интеграција на Косово.

„САД ќе бидат со вас во текот на овој процес“, рече Помпео.

Се укажува дека Вашингтон очекува Курти да ја укине 100-процентната такса за производите од централна Србија и тоа треба да биде приоритет.

– Укинувањето на данокот на производи од Србија и БиХ ќе им овозможи на страните да седнат на преговарачката маса. Се надеваме и очекуваме дека ова ќе биде вашиот приоритет и дека ќе го искористите овој моментум создаден од писмата со намери за воспоставување авиокомпанија и железничка линија меѓу Приштина и Белград – се вели во писмото на Помпео.

Сепак, во изјавата издадена од канцеларијата за медиуми на приштинската влада, не се споменува дека Помпео побарал да се укине данокот.

– Во своето писмо, државниот секретар му честиташе на народот на Косово за успешните и демократски избори и го поздрави формирањето на косовската влада, во надеж дека ќе соработуваат тесно за постигнување на заеднички цели, како владеење на правото и нормализирање на односите со Србија, – се вели во соопштението од кабинетот на Курти.

Слични содржини