Четири авиокомпании укинуваат задолжително носење маски на летови меѓу Данска, Норвешка и Шведска

од Milan1

Четири скандинавски авиокомпании од денеска го укинаа барањето за носење маски за време на летовите меѓу Данска, Норвешка и Шведска, јави ДПА, истакнувајќи дека нивото на вакцинација во земјите од регионот е меѓу највисоките во светот.

Скандинавските авиокомпании (SAS), (Norwegian), (Flyr) и (Wideroe) ги укинуваат своите строги барања за носење маски за време на летовите. Препораките за контрола на инфекцијата во Норвешка повеќе не бараат од патниците во регионот да носат маски, така што ова барање нема да важи за летовите на Видеро. Сепак, маските остануваат задолжителни за летови до земји надвор од регионот.

Во скандинавските држави нивото на вакцинација е меѓу највисоките во светот, јави ДПА. На аеродромот Гардемое близу Осло од петокт е укинато барањето за задолжително носење заштитни маски.

Слични содржини