Четири истражувања прогнозираат меѓу еден и 12 процентни поени предност на партијата на Меј

од Vladimir Zorba

Пред  парламентарните избори во Велика Британија, четири социолошки истражувања покажа дека актуелната британска премиерка Тереза Меј има предност меѓу еден и 12 процентни поени пред лабуристите.

Во истражувањето на „Ком Рес“, ториевците имаат предност од 12 процентни поени пред партијата на Џереми Корбин. Според истражувањето тие ќе добијат 44 проценти, а лабуристите 34 проценти.

Партијата на Меј ќе добие 44 проценти, а лабуристите 36 проценти, односно предноста за Меј е осум процентни поени, покажа истражувањето на „Панелбејс“.

Истражувањето на „Кантар“ и дава на партијата на Меј само пет процентни поени предност пред лабуристите.

„Кантар“ прогонозира дека ториевците ќе освојат 43 проценти, а лабуристите 38 проценти.

Според истражувањето на „Старвејшн“ предноста на  ториевците е само за еден процентен поен и тие ќе добијат 41,3 проценти, а лабуристите 40,4 проценти.

Слични содржини