Четири лица приведени на ГП Богородица – поседувале фалсификувани возачки

од Radmila Tasevska

МВР информира дека полицијата од Регионалниот центар за гранични работи Југ во содејство со колеги од Одделот за гранични работи и миграции на граничниот премин Богородица и во околината на Гевгелија лишиле од слобода четири лица, од кои три странски државјани (еден од Турција, двајца од Албанија) и еден македонски државјанин поради сомнение дека сториле кривично дело фалсификување исправа, казниво по член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Вчера на излез од државата, А.А.(52) од Турција на увид дал турска возачка дозвола за која постои сомнение дека е фалсификувана. При контрола на патничко возило „Хјундаи санта фе“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(29) од Струмица, е утврдено дека се извршени корекции на бројот на шасијата на возилото. Истиот ден од страна на двајца албански државјани, Г.К.(45) и Е.Д.(49), доставени се на увид фалсификувани албански возачки дозволи.

Странските државјани се приведени и во консултација со дежурен јавен обвинител за сите се поднесени кривични пријави до надлежното јавно обвинителство“, се вели во соопштението на МВР.

Слични содржини