Четири лица го загубија животот од корона, нови 619 заразени

од Nikola Popovski

Од 1.253 тестови, регистрирани се нови 619 случаи на коронавирус, информираа попладнево од Министерството за здравство за билансот во последното деноноќие.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 127 реинфекции. Регистрирани сe и 803 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 4 починати лица од: Охрид (94г), Битола (80г), Куманово (84г) и Штип (72г). Две лице се починати во болнички услови и две во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 30.07 – 03.08.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.134.298 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 334.562, бројот на оздравени пациенти е 321.243, на починати е 9.414, а бројот на активни случаи изнесува 3.905.

Слични содржини