Четири намирници кои го намалуваат апетитот: Спречето го прејадувањето на природен начин

од Stefanija Kuzmanovska

Вистинскиот пат до посакуваната линија е урамнотежена и редовна исхрана која вклучува храна богата со растителни влакна што го потиснуваат апетитот и помагаат да не посегнувате по она што може да му наштети на вашиот стомак.

Овие намирници се сметаат за природен начин за борба против гладот.

Зелен чај

Екстрактот од зелен чај е одлично средство за согорување на маснотиите и намалување на апетитот. Содржи две главни соединенија кои помагаат во процесот на слабеење – кофеин и катехини. Истражувањата покажуваат дека катехините помагаат и во покренувањето на метаболизмот, што е клучно кога имате намера да изгубите тежина.

Пијте 200 до 250 мл зелен чај двапати на ден за ефективни резултати.

Бадеми

Јаткастите плодови се сметаат за одлична закуска за борба против гладот ​​попладне. Но, особено би можеле да користите бадеми, кои се полни со растителни влакна, тие се богат извор на антиоксиданти, витамин Е и магнезиум. Јадете неколку бадеми кога ќе почувствувате ненадеен наплив на глад.

Ѓумбир

Ова растение има неверојатни лековити својства. Го стимулира дигестивниот систем, го ублажува гадењето и го потиснува апетитот. Според студија спроведена во 2012 година, мажите кои конзумирале ѓумбир за време на појадокот се чувствувале сити најмалку три часа по оброкот.

Може да консумирате чај од ѓумбир, па дури и додатоци на ѓумбир по консултација со лекар.

Кафе

Поради високата содржина на кофеин, кафето не се смета за добро за здравјето. Но, кога станува збор за губење на тежината, тоа може да биде корисно. Кафето го намалува апетитот, го зголемува согорувањето на калориите и распаѓањето на мастите. Важно е да се има предвид дека ова се однесува на црно кафе, а не на многумина омиленото со млеко и шеќер.

Слични содржини