Четири новозаболени лица од Ковид-19 во Кавадарци, најмладиот има 21 година

од Берта Китинска

Четири новозаболени лица од Ковид-19 во Кавадарци во изминатите 24 часа бележи кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог, потврди за МИА дека станува збор за три жени кои не знаеле каде се заразиле и еден маж кој претходно имал позитивен случај во семејството, на возраст од 21, 38, 58 и 59 години.

Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Се утврдуваат контактите, со цел нивна изолација.

Слични содржини