ЧЕТИРИ ПАЦИЕНТИ УБИЕНИ ВО ГЕРМАНСКА БОЛНИЦА: Уапсена докторка

од Stefanija Kuzmanovska

Германската полиција соопшти дека во источниот град Потсдам во средата биле убиени четири лица. Приведена е една жена.

51-годишната жена е уапсена под сомнение дека убила четворица пациенти на клиниката Оберлин, а мотивите за злосторството сè уште не се познати.

Портпаролот на државната полиција во Бранденбург изјави дека полицајците биле повикани на клиниката Оберлин нешто пред 21 часот по локално време. Таму полицијата пронашла четири мртви лица и петто лице кое било тешко повредено.

Локалниот весник вели дека жртвите биле пациенти на клиниката, а приведената жена била вработена.

Клиниката Оберлин е специјализиран центар за ортопедија.

Слични содржини